–Кога ги “вртев“ белешките и тектовите за март 2010 години, еден настан за кој сум пишувал бил обидот за заживување на Ксантиката, односно месецот во кој започнува пролетта, започна со сеќавањата Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Пролетта почнува со месецот Ксантика, а тоа е прастаро име за месец март во Македонија. Тоа ја отсликува поврзаноста на човекот со природата, со полодородието, со обновување на раѓањето. Во пролет денот се зголемува со повеќе сонце, светлина и радост, се разбудува природата од студените зимски денови со свелтината, духовното прочистување, накитени поворки со песни и ора ги почнуваат пролетните прослави, запишал Миновски.
Празнувањето било како идеја на млади луѓе, а покрај дефилето по Широк Сокак, украсување со црвено-бели ленти на канделабрите улицата се одржале и промоции на книги со таа тематика, трибини… Оваа иницијатива е сега минато и ретко кој ќе се сети на оваа иницијатива.

Деновиве пред 10 години: Ксантика – месец во кој почнува пролетта (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





