Center – Lounge & Fresh Bar слави две години од своето постоење на начин што се обраќа кон битолчани за нивно будење и пристапување кон здравата исхрана, како лек и основа за среќен и долговечен живот.
Единственото место со посна храна, позитивна мисла, креативен тек на настани, инспиративен и мотивирачки простор за создавање и негување на здрави генерации, се наоѓа во срцето на Широк Сокак.
Вкусете ги неодоливите свежи џусеви, енергетски топки и тартови, смути, овесна каша и чиа пудинг за доручек, супа на денот, оброк салати, врапови, веге пица, шпагети од зеленчуци, даски за двајца и четворица со топки од хумус, лепчиња со лосос и намаз од грашок, кои се само дел од обилното мени со здрава / сирова или жива не процесирана храна, која го забрзува метаболизмот и го одржува телото во фит форма.
Менито исто така е доста погодно за време на пости, за вегетаријанци, вегани, спортисти и лица кои се алергични на глутен.
Местото е погодно за родендени, презентации, промоции, работилници, дебати, забави, музички концерти, перформанси…
Посетителите можат да доаѓаат во големи групи или самостојно во друштво на некоја книга.
Локалот има седечки капацитет за 75 луѓе, а стоечки капацитет за 150 луѓе.
Одлична локација и мирно место со позитивна атмосфера е формулата која ви е потребна за реализација на вашите настани и идеи.

“Center – Lounge & Fresh Bar“ слави две години од своето постоење (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





