Синоќа во салата на Советот на општина Битола се одржа годишното собрание на Велосипедската федерација на Македонија, на кое присуствуваа сите делегати од клубовите кои имаат право на глас, а имаше и гости делагати.
Собранието го отвори и со него преседаваше претседателот на велосипедската федерација на Македонија, Сашо Димитријоски, кој рече дека му е посебно мило што годишното собрание се организира во Битола, град кој велиспедскиот клуб Пелистер 15 мај, од година во година се повеќе го развива овој спорт и е се поативен во организацијата на трките и во работата на Федерацијата.
Сашо Димитријоски го предложи потоа и дневниот ред кој беше едногласно прифатен.
Димитријовски потоа му даде збор на секретарот Сашо Ванчевски кои по утврдување на верификационата комисија и пребројувањето на делегатите го презентираше Извештајот за работа на ВФМ за 2019 година заедно со финансовиот извештај, кои беа едногласно усвоени.
Потоа на дневен ред беше програмата за работа на ВФМ за 2020 година и календарот за натпреаври за 2020 година, кои со мали отстапувања беа усвоени.
Пелистер 15 мај, беше домаќин на ова Годишно Собрание, а делегати беа тренерот Африм Јусуфи и Ристе Настевски – поранешен велосипедист, член на управата на клубот.
-Ние работиме и ќе работиме на тоа дел од активностите на Федерација да се пренесат во другите градови-клубови со цел да се популаризира овој спорт. На крајот во Битола ги прогласивме најдобрите велисипедисти и клубови, а сега го “донесовме“ и Собранието. Би сакал оваа година да се јави некој друг клуб кој ќе го нарави ова, рече Африм Јусуфи.
Ристе Настевски, делегат од Пелистер 15 мај, рече дека ја поддржува иницијативата на Претседателот и сите делегати да не се оди на организација на поголеми меѓународни трки, да се трошат средства за нив, туку да се започне со преорганизација на клубовите и да се вклучуваат се поголем број на млади од кои понатаму ќе произлезат квалитетни велосипедисти.
ВФМ побара од клубовите кои се организатори на меѓународни трки да се ангажираат повеќе во организација и се она што е предвидено со пропозициите, бидејќи секое отстапување или неодржување на трките ќе значи и казна на ВФМ.
На Годишното собрание присуствуваше и претставник на Агенцијата за спорт и млади, при Владата, кој во своето излагање се задржа на помошта која Агенцијата ја дава за организација на меѓунардни трки, а даде објаснување и за ваучерите кои им се доделени на клубовите.
С. Ристевски






