Познатата ладино пејачка, Сара Ароесте која потекнува од старо еврејско потекло од Битола, деновиве ја посети Битола како дел од нејзиниот најнов проект “Манастир“.
Целта на овој проект е со различни музичари да снима еврејска музика која се пеела пред Втората светска војна.
Деновиве таа снимаше со битолчаните Сефедин Бајрамов и Вевки Амедов, како и со неколку деца од градинките “Естреја Овадија Мара“ во “Гимел“ студио во организација на Креатив продукција.
Како што истакна Саше Богоевски од Креатив продукција, беше организирана и фотосесија за портфолио на Сара Ароесте.
Фотосесијата се одвиваше во Старата битолска чаршија и уште неколку локации низ Битола, ја фотографираше Александар Георгиев, а за изгледот се погрижија Фризерското студио Оли и стилистот Игор Горко.

Еврејката со битолско потекло Сара Ароести во Битола со најнов проект “Манастир“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





