Press "Enter" to skip to content

Битола и битолчани во ударниот термин за кафе-шема, но под забрани и препораки (фотогалертија)

Забраните и препораките кои ги добија битолчани од Владата за заштита од корона вирусот, денес на првиот работен ден откако беа донесени, може да се рече дека битолчани генерални ги почитуваат.Кафулината под клуч во ударниот термин од 12 до 14 часот, или еден час порано или подоцна, како и кафеаните, а наместо битолските муабети, масите и столиците празни, беа вообичаената гужва.По Широк Сокак намалена гужвата, а наместо гужвата по улицата, минувачи кои се излезени поради обврски, од работа или на работа, да купат некои намирници, да направат некои административни работи. По улицата работат само угостителските објекти за храна, но по нов режим-шалтерски систем.Низ шеталиште и градскиот парк мала раздвиженост, а најповеќе млади кои со велосипеди или пеш се рашетуваа, а за пофалба најголем број од нив со заштитни маски.Низ пазарот, полн со сезонски производи, мала раздвиженост, а и таму се се купува на брзина, а продавачите со заштитни маски и ракавици.Волонтерите на Црвениот крст го најдовме пред нивното седиште, како го дезинфицираат, а истото го правеа и со автомобилите кои беа паркирани на паркингот пред нив. И спортстите се затекнати со ситуацијата за прекин на натпреварите и тренинзите, а дел од странците поради затворањето на границите и аеродромите останаа во Битола, а како рекоа дека ќе ја следат ситуацијата и ќе го чекаат стартот на продолжението на спортската сезона.Се  на се можеме да кажеме дека битолчани се придржуваат на забраните и препораките за спречување на ширење на корона вирусот, што е добро за сите, да останеме дома и да го прекинеме синџирот на заразата, а тоа ќе се случи попладне кога битолчани ќе ги завршат работните и приватните обврски.С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »