Компанијата “Кромберг&Шуберт“ како општествено одговорна компанија кон спрема ЈЗУ Клиничка Болница Битола, но и пред граѓаните на Општина Битола, донираа со цел поефикасно и поефективно работење на медицинскиот персонал.
Компанија обезбеди дополнителни медицински ресурси за успешна заштита и спречеување ширење на корона вирусот и истите ги донира на Клиничка Болница Битола.
Донирана е медицинска опрема и материјали и тоа :
– Заштитни комбинезони за повеќекратна употреба на еден корисник-100 парчиња
-Заштитни маски со FFP filter за повеќекратна употреба до еден корисник-100 парчиња
-Заштитни наочари за странична заштита за повеќекратна заштита на еден корисник-50 парчиња
-Средство за дезинфекција на површини(високо концентрирано) – 15 литри(за раствор од 1500 литри.
На денешната средба во болницата, директорката на ЈЗУ Клиничка Болница, д-р Билјана Гагачевска од вработените и од името на граѓаните упати благодарност до “Кромберг & Шуберт“, посакува поголема соработка и се надева со заеднички сили на сите дека ќе излеземе победници против корона вирусот и неговите штетни последици.






