Во период на зголемена опасност од ширење на Ковид 19, а во согласност со препораките на Владата, Универзитетот, па вклучително и Ректоратот, функционираат само во делот на најнеопходните активности кои се координираат од кризен штаб во кој се вклучени ректорот, проректорот за настава, генералниот секретар на Универзитетот, како и раководителот и вишиот соработник од Секторот за настава, наука и меѓународна соработка.
Целта на овој кризен штаб е навремено следење на сите информации од Владата и министерствата и известување на сите единици за мерките што треба да се преземаат бидејќи единици имаат формирано помошни кризни штабови во кои најчесто се претставници еден од продеканите и еден од административниот кадар.
Сето тоа е направено со цел да се постигне максимална поврзаност и кохерентност и информациите и мерките што се предлагаат да се спроведат на целиот универзитет на најбрз можен начин.
Преку овие штабови пристапено е кон добивање информации за детектирање на вработени и студенти кои биле или сеуште се во некое подрачје од висок, среден или умерен ризик во однос на COVID-19.
Лицата од академската заедница на УКЛО за кои е утврдено дека во последните 14 дена биле во некое вакво подрачје, известстени се дека не треба да доаѓаат на работа, да се пријават во најблиските Центри за јавно здравје на еден од јавно достапните броеви и да се стават во самоизолација.
Истото им беше препорачано и на студентите, особено на оние кои преку Еразмус програмата беа на размена, веднаш после враќањето да се јават во Центрите за јавно здравје и да се ставаат во самоизолација.
Она што е најважно е дека Универзитетот премина на on line одржување на наставата. Некои од единиците веќе имаат преземено такви активности, а за оние кои немаат, ректорскиот колегиум изготви препорака сите наставници своите предавања да ги одржуваат преку интернет https://www.uklo.edu.mk/news/view/1377.
Понудени им се платформи за кои Универзитетот веќе има сопствена сметка и можат сите да ги користат, а сѐ со цел студентите да бидат поактивни дома, нивното време да биде исполнето со извршување на активности што значат исполнување на задачите што ги имаат во текот на семестарот.
Универзитетот преку своите единици и Ректоратот организира служби кои се достапни како on line така и преку телефон, притоа на своите веб страници единиците имаат поставено информации за контакт, за да студентите добијат потребни информации, но и по потреба некои неопходни документи кои ќе бидат веднаш изготвени и ќе можат да ги добијат без многу задржување.
Паралелно, студентите се самоорганизираат преку Универзитетското студентско собрание, испраќаат информации до сите студенти за правилно постапување во ваквите ситуации, па дури и изготвија видео запис
https://www.facebook.com/116525313231334/videos/148842256351719/?__xts__[0]=68.ARCa
1D1j3Z1cLt4bbHIfQECCraFFk2tWww9Usv8dDHR5Uav4Legr0Ns9kY9k18lKEL4vvewtQfXWOO
HwnxlZ_DeCh3D68gsmnx-Xt1rJBCdnixM1saDfOD4I4whboZ7Bv-wvtzUkQvHTYVQ-
y5dWEaqMOC36AukNBxx6D253pkprSAHds8vGgSLg79I0wi11th-_oFdr4zinRxeVQATh1GaU-
3NhcoTPCnEj9X5HmAJHEtgbE3wZ4gViEdopcxoZ5DzV7ByvIRPr08A5xo6sTvyavXy5cYyumhK
3hQfBx4GD0mc_XeXAJqlUmDXKwWQA02NB9MfHqsUoQlISKzCPW17lhJRoyd5eYr0&__tn__
=-R што го поставија на социјалните мрежи со напомене дека тие една и
единствена порака: СЕДИ СИ ДОМА!






