Во ова време на светска пандемија секој се обидува во изолацијата која е главна препорака против ковидвирусот, да најде начин како да го помине овој тежок период.
Еден наш сограѓанин својот мир го најде некаде над Битола, над Баирот, но не како неодговорните негови сограѓани, туку сам, согласно препораките.
Битолчанецот го најде својот мир, над Битола, пред манастирот “Св. Архангел Михаил“ над Кркардаш, со цигара и сок, во прекрасниот поглед над Битола, а нам да ни останува да продолжи во совесното однесување и убаво да ги помини деновите во изолација.






