Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа, а прекинот на производството ќе се одвива 14 дена.
Прекинот на работата е по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, а дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.






