Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел до битолчани, да не одат “Кркардаш“ и да не се групираат

Секторот за внатрешни работи Битола согласно новонастанатата вонредна состојба во државава, а со цел заштита на граѓаните од ширење на вирусот КОВИД-19 АПЕЛИРА до сите граѓани оваа година  да се воздржат од поголеми собирања и групирања во близина на местото “Кркардаш” во Битола каде во спомен на “светите Четириесет битолски преподобни маченици” (Кркардаш) на ова место во храмот на 21.03 вечерта и утрото на 22.03 голем број на верници битолчани од сите краеви на градот во редовна ситуација се собираат и масовно го посетуваат.

Уште еднаш АПЕЛИРАМЕ сериозно да ја сватат ситуацијата и да ги почитуваат одлуките кои ги донесе Владата каде се вели дека се забрануваат секакви групирања и собирања на повеќе од пет лица на јавни површини, паркови и јавни места, бидејќи секој што не почитува ќе биде соодветно санкциониран.

 

More from ВестиMore posts in Вести »