Во 4 часот 49 минути и 37 секунди утрово стигна пролетта на северната хемисфера, пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 во 23 часот и 43 минути, кога ќе почне летото.
Но, за жал поради пропораките и забраните од Владата малкумина битолчани денес уживаа во пролетниот ден, а ни највиразните битолчани не се сеќаваат на ваков “карантин“ на целиот град, во кој функционираат и делуваат само дејностите кои се неопходни за колку-толку нормално функционирање на градот.
Малкумина во Градскиот парк, малкумина во паркот кај Саат кулата, малкумина во маалските паркови, малку коли нив битолските улици, без вообичаената гужва низ пазарот и улиците околу него. Но најголем дел со заштитни маски и ракавици.
Деновине на првиот дел од пролетта Широк Сокак требаше да биде преполн во деца кои со разни декорации, пораки, костими ја најавуваат пролетта, но децата се дома, а празни се и школските клупи и дворови.
Но, за жал на првиот пролетен ден ја нема препознатливата кафе-шема низ Широк Сокак и битолските кафулина, а колку на некои им е тешко без тоа го покажуваат на социјалните мрежи.
Работат дел од угостителските објекти, кои продаваат храна на шалтерски систем, без услуга во локалот, а како некој ни рече ова колку да ја “си ја чешаме крастата“, бидејќи нема некои големи порачки, а тоа се случува ретко.
Кога ја правевме оваа фото-репортажа низ Битола на првиот пролетен ден, не можевме, а да не ги забележиме расцутените магнолиии, по кои и плоштадот на почетокот на Широк Сокак го нови името плоштад “Магнолија“.
[ngg src=”galleries” ids=”524″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






