Press "Enter" to skip to content

Куманово реагира, но победата на ракометарките на Пелистер заслужена

Во последното коло од женската Супер ракометната лига, екипата на Пелистер забележа вредна победа, против нивниот најголем ривал за подобар пласман, екипата на Куманово од остоимениот град.

За оваа победа која им ја донесе на младите “пелистерки“ потребната самодоверба, потпретседателот на Пелистер, Игор Огненовски вели:

-Натпреварот против Куманово имаше две полувремиња. Првото полувреме не се снајдовме. Се што се договараа тренерот и ракометарките не се одигра ниту во нападот ниту во одбраната. Иако во нашиот состав имаме одличен голман, Сандра Дурлановска, таа имаше само една одбрана, што мора да признаеме дека е премалку. Но, во второто полувреме одигравме како посакуваме, одбраната на чело до Дурлановска одлично се бранеше, а таа имаше 15 одбрани. Од друга страна нападот одлично се снајде и секоја грешка на противникот ја казнуваше со гол, а тоа беше пресудно за резултатот.

По победата на Пелистер, екипата на Куманово имаше свои реакции, на што Огненов вели:

-Ние очекувавме само честитки кон нас од екипата на Куманово, за победата и пред се заради тоа што ние таа екипа ја сметаме како пријателска. Не сакам да ги коментиран реакциите на екипата на Куманово, туку ќе речам дека во иднина нашата соработка ќе се продлабочи.

More from СпортMore posts in Спорт »