Press "Enter" to skip to content

Филип Стефановски, Црвен крст: опслуживме 4 семејства, патролиравме низ Битола…

Продолжуваме со идејата да прикажеме како битолчани, кои имаат професионални ангажмани, го поминуваат денот, на работно место или терен додека битолчани ги следат препораките, да останат дома.
 
Како му помина денот на Филип Стефановски од општинската организација на Црвениот крст, на терен низ Битола, тој кратко ни напиша:
 -И денешниот ден како вчерашниот од викендот, на терен. Ние денес опслуживме четири семејства на кои им беше потребна помош. Телефоните во Црвениот крст беа отворени до 16 беа за информации, а нарачки, да речам, на некој начин, се земаат до 12 часот за да можеме навреме да завршиме се. Ние купуваме од продавници ако има потреби, а исто така купуваме и лекови, секако со претходно обезбеден рецепт, за кои потоа одиме во аптеки да ги набавиме. Денес работевме и со отсекот за превенција од СВР Битола со кои имавме патрола низ градот и работевме на подигнување на свеста кај населението, пред се да останат дома, се делеа флаери и препораки на грипа луѓе.
 
Филип Стефановски додеда и дека веќе е направен планот за утре, а Црвен крст ќе биде на терен со три екипи на волонтери од 8 до 16 часот.
More from БитолаMore posts in Битола »