Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“: привремено се затвора добиточниот пазар во Битола

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.

Во насока на почитување на препораките на Владата за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари. Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.

More from ВестиMore posts in Вести »