Сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење (полициски час од 21:00 часот до 06:00 часот) е изменет, а на веб страната на железницата е истакнат новиот вонреден возен ред. Возовите со кои се превезуваат битолчани се следните:
Возови кои ќе сообраќаат:
релација Скопје – Битола – Скопје
1. воз бр. 642 од Велес со поаѓање во 16.50 часот (со задоцнување +86 мин.),
2. воз бр. 645 со поаѓање од Скопје во 19.15 часот (предвреме), ќе сообраќа до Велес, и
3. воз бр. 640 од Велес со поаѓање во 06.45 часот (со задоцнување +60 мин.),
Возови кои нема да сообраќаат:
релација Скопје – Битола – Скопје:
изостануваат воз бр. 641, 643 и воз бр. 644, воз бр. 640 и воз бр. 642 изостануваат на релација Битола – Велес,
воз бр. 645 изостанува на релација Велес – Битола






