Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривични пријави за тројца битолчани, наместо дома во самоизолација биле надвор

Битолската полицијата од вкупно поднесени кривични пријави против 3 лица од Битола што не ги почитувале препораките за епидемијата на коронавирусо.

Кривична пријава заработија тројцабитолчани на возраст од 43, 41 и 18 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

На 14 март во земјата преку Грција заедно влегле тројцат кои доаѓале од Италија, поради што сите потпишале изјава за самоизолација од 14 дена и примиле писмена наредба од Министерството за здравство.

На 19 март при проверка од полициски службеници, пријавените заедно со уште едно лице од Скопје кое влегло во државата заедно со нив биле затекнати надвор од домот, односно не се придржувале до изречените мерки од Министерство за здравство.

More from ВестиMore posts in Вести »