Press "Enter" to skip to content

Нови ограничувања за движење за лица над 67 и млади под 18 години, полицискиот час скратен за 1 час

Владата го прифати предлогот на министерот за здравство, по препорака на Комисијата за заразни болести, за дополнително ограничување на движењето на одредени категории граѓани.
 
Согласно новите измени и дополнувања на Одлуката за забрана и посебен режим на движење се забранува движење на населението во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. 
 
Дополнително, се забранува движење на лицата  со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. 
 
Со овие измени и дополнувања се забранува движење на лицата со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден.
 
Се забранува движење на возила од јавен превоз во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
 
Новите одлуки за ограничување на движењето важат од 24 март 2020 година.
More from ВестиMore posts in Вести »