Press "Enter" to skip to content

Стопанска банка а.д. Битола пензии ќе исплаќа од утре-25 март на банкомати, од 28 март на шалтери

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека исплатата на пензиите во Стопанска банка а.д. Битола за овој месец ќе започне на 25 март со тоа што во периодот од 25 до  27 март сите пензионери кои ја добиваат пензијата во Стопанска банка а.д. Битола ќе можат да ги подигнат своите пензии на некој од банкоматите на Банката.

Почнувајќи од 28 март покрај на банкоматите, исплатата на пензии ќе започне и во експозитурите на шалтерите на Банката.

Бидејќи во случајот станува збор за поризична и посензитивна група на граѓани, во насока на заштита на нивното здравје, а согласно препораките на институциите со цел превенција, и минимизирање на ризикот за ширење на вирусот Ковид-19 апелираме на тоа широката мрежа на банкомати на Банката да се искористи за подигнување на пензиите, а посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Доколку се работи за случај кога е неопходно да се посети експозитурата ве молиме придржувајте се до сите препораки и мерки за заштита.

Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени.

Чувајте се и бидете одговорни за вашето и здравјето на сите околу вас!

More from ВестиMore posts in Вести »