Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик.
Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“.
ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот.
Екипите се на терен, а Вие, #СедетеДома

“Партизанска“, “Север-југ“, “Мирка Гинова“… денес на ред за дезинфекција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нова училница и презентација на тимот “Eco friendly“ во Економско
- СВР Битола: битолчанец измамен од жена за 1.500 евра за влог на берза, повреден работник, подигната стара граната
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 24 степени
- Катерина Матевска, одделенски наставник во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола – учителот не остава само знаење, туку остава трага
- Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи





