Пелагониските земјоделци ќе можат да работат на своите ниви и да ја организираат пролетната сеидба и во вонредни услови, односно за време на полицисикиот час, доколку за тоа имаат потреба.
Ова го потврди раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство во Битола, Методија Илиевски.
-Земјоделците од Пелагонија ги добија потврдите за работа за време на полициски час, потврдите кои ги имаат добиено се со важност до 30 март. Најголем број од оние кои се пријавија за вакви потврди веќе ги имаат подигнато, а поделивме потврди за земјоделци најповеќе за работа во престојните викенди за кога има поголеми забрани за движење. Дополнително за нови потврди земјоделците можат да ги добијат од понеделник или да не контактираат на 047 237 419 или на нашата е маил адреса pe.bitola@mzsv.gov.mk., вели Илиевски.
Подрачната единица редовно работи секој ден, а поради ситуацијата е воведен шалтерски систем, согласно препораките на Владата.






