Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“ сепак некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат работните задачи.
Илче Димовски е вработен како секретар на факултет за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, а како и останатите најголем дел од работното време го поминува дома, односно работи од дома, а како вели по потреба оди и на факултет.
-Секојдневно слушаме “СЕДИ СИ ДОМА“, бомбардирани сме со секојдневните нови информации и мерки, за заштита и спечување на внесување и ширење на Коронавирусот Covid 19. Сите тие мерки според мене се оправдани, но тие неминовно го извадија од колосек секојдневието и ја отежнаа работата на сите јавни институции, поединци и приватни претпријатија. Отежнат беше и високо-образовниот процес, како и комуникацијата на вработените со студентите, а за да се подобри комуникацијата со студентите и колегите Димовски додава:
-За таа цел, имајки ги во предвид мерките на надлежните органи за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, институцијата каде работам ФИКТ Битола, како водечка институција во креирање и импементирање на совемени ИТ технологии во регионот, меѓу првите во регионот започна со “работа од дома“. Со соодветна примена на ИТ алатки од страна на вработените од наставниот и ненаставниот кадар беше овозможено непречено и континуирано реализира дејноста на Факултетот. Согласно препораките на Ректорскиот колегиум на Универзитетот, а со цел релизација на наставата и вежбите за студентите, како и за тековни состаноци на органите и телата на Факултетот се корстат алатките на Google како што се Google Classroom поврзано со Google Meet, Google Hangouts. Покрај тоа за комуникација со студентите и заинтересираните странки користиме е–маил, skype и viber, каде секој студент може испрати соодветно барање, да постави прашање до наставниот кадар, да се консултира итн.
За овие насоки кои се применуваат Димовски вели:
-Ова е ново искуство за мене, а верувам и за моите колеги. Ние сепак сме високообразовна институција и секогаш нашата работна култура била на највисоко ниво. Ги имаме воведено нависоките стандарди за квалитет и секогаш уредно и навремено сме ги опслужувале студентите и заинтересираните странки. Работата од дома овозможува помал стрес при работата, подолго да поспиеме наутро, намалени се дневните трошоци, имаме поголема можност за организација на времето и работата. За нас помладите без разлика каде работиме, мал проблем претставува желбата за директна комуникација со колегите, студентите и пријателите, тоа не предизвикува и на моменти не вади од колосек, но мора да бидеме свесни за ситуацијата и солидарни кон нашите повозрасни сограѓани, родители, баби и дедовци и мора да се придржуваме на препораките и да ги почитуваме мерките и на крај упати апел:
-Повикувам да ја користиме технологијата за добро, да останеме здрави и да останеме дома.






