Денеска и утре забраната за движење ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите, наместо во 21.00 часот како во работните денови од седмицата.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа. Тоа се истите дозволи коишто се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица на компанијата.
За време на полицискиот час, исклучоци ќе има за земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во оранжерии и пластеници.






