Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1), напиша на својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје- 143
– Дебар – 45 од кои 2 починати
– Куманово – 20 од кои 1 починат
– Штип – 8
– Прилеп – 8
– Тетово- 4
– Охрид- 3
– Велес – 3
– Струга – 3 од кои 1 починат
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1






