Press "Enter" to skip to content

Општина Битола за тековните градежни активности (фото)

За миг да излеземе од секојдневието исполнето со информации поврзани со корона вирусот и да се информираме за инфраструктурните зафати во општината. Градежните активности, во Општина Битола, продолжуваат да се реализираат на повеќе локации, согласно предвидената динамика за реализација, но и во согласност со препораките за работа во овој период.-Се работи на Градскиот стадион во просторот под трибините

-Инфраструктурни активности се изведуваат на првата делница на улицата “Илинденска“, каде што е завршена фекалната канализација, а се работи водоводната мрежа,-Во тек се градежни активности и на улицата “13 ти јули“ за изградба на коловоз и
поставување на улично осветлување

-Денес се врши и обележување на спортското игралиште во “ОУ Кирил и Методиј“.Во руралните средини:

-Активности се реализираат и во селото Бистрица во паркот кај Меморијалниот
споменик од НОБ

-Градежни работи се изведуваат и на локалниот пат за село Маловишта.Јавните претпријатија продолжуваат со тековните активности согласно својата програма, а по најавите за студен бран ЈП “Нискоградба“ ја подготвува својата механизацијата за
евентуални временски непогоди.

More from ВестиMore posts in Вести »