Press "Enter" to skip to content

Фото вест: патронажните сестри волонтерки во Уредот, мерат температура и дезинфицираат на 4 влеза

Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“ или како битолчани го викаат “Уредот“, покрај задачата да се грижи и лекува пациентите воведе и ТРИЈАЖА, која ја извршуваат медицинските сестри од патронажна служба кои волонтираат.

Оваа тријажа се врши по договор со директорката на Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“, Весна Спирковска и е дел од превентивата на здравстевните работници против ширењето на корона вирусот.

На сите четири влеза на “Уредот“ медицинските сестри кои волонтираат, контролираат кој влегува во зградатаа, им мерат телесна температура со бесконтактни топломери, а им ги дезинфицираат рацете на сите кои влегуваат. 

Тие остануваат на првата одбранбена линија на “Уредот“ и упатуваат порака: ние сме тука за Вас, Вие седете дома, здравјето пред се“. 

More from ВестиMore posts in Вести »