Кога вчера метеоролозите најавуваа снежни врнежи, ретко кој можеше да претпостави дека на 1. април, Денот на шегата, Битола ќе ја зафатат снежни врнежи кои според интензитетот ги немаше ниту во зимата, а не сега кога сме десетина дена навлезени во пролет.
Но, денес битолчани се разбудија со снежна покривка, побелени покриви, дрвја кои наликуваат на зимска снежна идила, автомобили прекриени со снег…
Како изгледаше Битола на пладне под снежна покривка и со многу малку излезени битолчани, кога врнежите од снег беа силни низ априлска снежна, пладневна, битолска разгледница.
Низ фотообјектив регистриравме како изгледа Широк Сокак, Шеталиштето, Бела Чешма, “Илинденска“, кај Аеро клубот, пред “Епинал“, кај Офицерски…
Текст и фото: Сашо Ристевски






