По вчерашното снежно невреме невообичаено за овој пероид на годината и температурите околу 0 степени целзиусови, денес Битола во сонце, а битолчани излезени да завршат дел од работните или други обврски.
Широк Сокак со веќе вообичаената мала фреквеција на луѓе, без возрасните кои се придржуваат на препораките и забраните за движење по 11 часот, најмногу битолчани имаше кај наплатните центи, а останатите со брзање ги завршуваат работните обврски.
Градското шеталиште родители со деца кои го користат сонцето да ги извадат децата од дома и да ги прошетаат своите домашни миленици.
Сонцето кај сите донесе оптимизам дека за брзо ќе излеземе од оваа вонредна состојба, со која го штитиме нашета здравје и здравјето на блиските, и дека сите ќе вратиме во нормалната животна приказна од оваа која некој ја доживуваат како лош сон.

По вчерашното невреме битолчани излегоа денес по сонце да ги завршат обврските (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





