Press "Enter" to skip to content

Фото вест: нов маалски парк ги чека децата и пензионерите на “Партизанска“

Деновиве една запуштена површина на аголот на крстосницата под Болницата е ставена во друга функција, претворена е во нов маалски парк, со уредена партерна површина, поставени детски играчки, голем детска куќарка, клупи и што е најважно ограден е со жица за децата да бидат безбедни покрај можеби најпрометната улица во градот.Но, временските услови и вонредната состојба не им дозволуваат на децата и нивните баби и дедовци да бидат тука, но со првите топли денови и да се надеваме без забраните, новиот маалски парк ќе биде претесен за нив.