Едно од двете лица кои беа позитивни на корона ворус, за кои соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во саботата, е лице на 85 години, штитеник во домот за стари лица “Сју Рајдер“ во Битола.
Претходно, со повисока температура и кашлица лицето е хостипализирано на Инфективно одделение во Клиничката болница, а потврда дека е позитивен на “ковид 19“ стигнала на 4 април.
Потоа двете лица кои биле со него се ставени во изолација, под здравствен надзор се ставени 9 лица, направена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица од страна на службата при Центарот за јавно здравство од Битола.






