Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Филип Стефановски, Црвен крст

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Во време на вонредната состојба во која сите се наоѓаме, волонтерите на Црвениот крст се постојано на терен извршувајќи ги сите предвидени активности кои ги имаат тие, а еден од нив е Филип Стефановски, кој уште од првиот ден на оваа состојба е постојано ангажиран на терен. 

Како Филип Стефановски и волонтерите во општинската организација на Црвен Крст, го поминуваат денот вели:

-Покрај основните активности на Општинската Организација на Црвен Крст Битола , од наша голема важност е и здравјето на граѓаните кои се во двата државни карантини во Битола во хотелите “Епинал“ и “Молика“. Покрај овие активности во текот на денот и претходната недела беа доставени лекови на поединци  кои им се неопходни за нивното здравје како инсулинска терапија, таблети за намалување на висок крвен притисок и слично.

Како се заштитени од заканата за коронавирус Стефановски вели:

-Ние сме заштитени согласно прописите и протоколите, имаме одела, заштитни маски, заштитни ракавици, а вршиме и редовна дезинфекција на возилата со кои се движиме и просториите. Ние исто така вршиме и редовна дезинфекција и на други објекти, па така денес беше од наша страна беше извршена и дезинфекција на двата државни карантини на територијата на Битола.За препораките Стефановски вели:

-Ние имаме поставено препораки на повеќе места низ градот, што се истакнати на видни места. Препорачуваме битолчани да ги почитуваат препораките и полицискиот час за да го зачуваме нашето колективно здравје. Ние сме тука, волонтерите на Црвениот крст и сите кои се со нас, секаде каде е потребно ќе стигнеме, а оние кои не мораат нека ја следат основната, светска порака, СЕДИ СИ ДОМА.

More from БитолаMore posts in Битола »