Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работни задачи.
-Водата спие, вработените во “Водовод“ не, е пораката која до битолчани ја упатија вработените од филтерницата за вода при ЈКП “Водовод“ кои се на работно место, во време на вонредна состојба и полициски час.
-Тука во Филтерница – Дихово, како и во сите други единици на “Водовод“ се работи непрекинато со полно работно време, 24/7, за битолчани да имаат и да пијат здрава, чиста и технички исправна вода. Тука се применуваат сите пропишани мерки за заштита кои ги имаме за време на редовното работење на Филтерницата, засилени со новите мерки кои се пропишани и кои ги спроведуваме за време на вонредната состојба, ни напишаа вработените од Филтерницата на “Водовод“.
За квалиетот на водата и навремената испорака, ни рекоа дека нема да зборуваат, а бидејќи не се зборува за нив нив Битола, значи се е во ред, но порачуваат дека се надеваат и во иднина ќе биде така.
Сите кое беа во денешната смена истакнувааат дека не само кога се на работа туку и кога се дома или мораат да се движат по улица или кога претстојуваат во затворена деловна просторија ги применуваат мерките за заштита, а упатија и посебен апел до битолчани:
-“СЕДИ СИ ДОМА“, додека Вие седите дома, ние во “Водовод“ работиме, да продолжиме така, да е заштитуваме сите и да се чуваме.






