Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: зошто во изолација имаме намалена физичка активност, а поголема желба за храна?

Во моментов се соочуваме со ограничување на движење и повеѓе време поминуваме дома, или сме некаде во изолација. Со самото тоа нашето тело има и дисбаланс на хормоните, самиот мозок има засилена меморија која е поврзана со нашиот желудник и памети едно од задоволства, а тоа е полн желудник со храна или ситост.

Поради недоволна физицка активност и со недоволни промени на сликите во текот на денот или по едноставно да објаснам, нема работа, нема шетање, нема дружење, доаѓа до засилена потреба за храна.И почесто сме покрај фрижидерот и во кујната отколку вообичаено.

Психолоски е многу тешко да се отргне човек од тоа, меѓутоа постои храна која може да ни помогне да не дојде до нагло покачување на килограми. Тоа е храната богата со протеини, а процентуално низок процент на јагленихидрати.

Мој совет е да се конзумира повеќе разновидна храна и доста зеленчук.Поради недостаток на активност на хормон “допамин“, кои е зодолжен за нашето чувство на среќа, се чуствуваме незадоволно и несреќно, затоа е добро да имаме умствена активност, читање, разни игри, предизвици во изолирани услови.

За совети за исхрана и диет програми, нутрициониста Тоше Соколов
Мобилен број 070 / 355-654
Или на фб страна Витаф диет

More from СоветиMore posts in Совети »