Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Игор Петковски, дипломиран инж. по безбедност при работа, вработен како шалтерски работник во Пошта – Битола редовно ги извршува услугите околу платежните обврски на граѓаните, во поштата која се наоѓа кај автобуската станица.
Петковски за неговото ангажирање во вонредната состојба вели:
-Работата е со намален интензитет поради тоа што студентите од техничкиот факултет кој е во непосредна близина не работи, а со тоа и нема уплати кој воглавно се одвиваа на шалтерот од оваа пошта. Исто така поради ситуацијата со која е зафатена нашата држава и целиот регион има рестриктивни мерки и при праќањето на пратките, но сепак поштата е отворена според работно време кое го налагаат вонредните услови, кои се менува според новите препораки.
На прашање дали клиентите се прудржуват кон насоките на надлежните тој додава:
-Воглавно да, но секогаш има има и исклучоци. Клиентите кои влегуваат да извршат уплати се придржуваат кон упатсвата и насоките на надлежните институции и истите се заштитени со потребните средства за соодветна заштита. Неговите колеги кои се на шалтерите низ поштите и кои одговорно си ги вршат работните задачи и поштаразнесувачите придонесуваат за движење на опшеството во овие тешки мигови и за платежниот процес, но и за исплатата на пензии до домовите на старите лица и доставата на пратки кои се одбиваат во интерес на граѓаните и фирмите.
-Поштенските работници се сила која пркоси на вирусот кој моментално драматично го дрма светот и дека се исложени на контакт со голем број на лица и заштитата прво кон себеси е најбитна. Но, важно е тие кои ги вршат услугите истите во поштите или други шалтери, соодветно да се заштитени, спречувајќи со тоа било какво ширење на заразата, што никој не го посакуваме. Сите да се молиме оваа епидемија што побрзо да заврши и без штетни последици кон човечки животи и загрозување на човечки судбини, вели Петковски, за на крај да порача:
-СЕДИ СИ ДОМА, не излегувај без потреба, почитувај ги препораките, и за брзо да се вратиме во нормален колосек.






