Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Д-р Васил Чипуровски е специјалист интернист, а неговата ординација “Чипуровски“ работи во текот на целиот период додека е воведена вонредната состојба, а за тоа како се одвиваше работата во новонастанатата состојба вели:
-По прогласувањето на пандемијата во првите денови се почуствува вознемиреноста кај битолчани, спроред тоа што осетно се намали бројот на пациенти кои побараа услуги кај нас. Тоа се должи и поради стравот кај пациентите од посета на болниците кои имаа посебни мерки за заштита за ширење на коронавирусот. Но, со почетокот на април, а посебно последниве денови полека се враќаме во нормално работење, иако не е како пто беше во периодот пред вонредната состојба, но се се надевам дека полека ќе се вратиме на стариот начин на работа. Ние сега вршиме ехо-прегледи на бели дробови согласно препораките на Виенскиот медицински факултет во дијагностицирање на пнеумонија. АРДС, како и превлани изливи кои се поврзани со ковид-19 и со дриги вирусни и бактериолошки инфекции меѓу кои streptoccocus, pneumonie, staphyloccocus aureus, legionela i pneumonia…
Д-р Чипуровски за тоа како под вонредни услови работеше вели:
-Посебните мерки за заштита во време на епидемијата ги применувавме и ние во ординацијата. Сите пациенти кои доаѓаат доаѓаа со заштитни маски, а на влезот добиваат срество за дизинфекција, антибактериски гел, а доаѓаат само си по еден придружник. По прегледот и ехо-скринингот се дезинфецира местото. Сите пациенти кои доаѓаа немаа симптоми за коронавирус, а доколку ги имаше ќе ги упатевме според протоколите за здравство. Исто така и ние користиме комплетна заштита.
За тоа што им препорачува на неговите пациенти д-р Васил Чипуровски додава:
-Сите хронични болни да ја земаат пропишаната терапија, а доколку има потреба да направат посебни прегледи. Ако било кој има симптоми за коронавирус да се јави на матичен лекар и да ги следи протоколите кои се пропишани. А за сите кои се категориите кои се ризични да седат дома, да не го доведат во прашање своето здравје, а повозрасните да не излегуваат од дома во овој период, а обврските да им ги препуштат на помладите.






