Press "Enter" to skip to content

Битолското обвинителство со постапки против десет лица за прекршување на полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Заради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Битола побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Осум лица го прекршиле полицискиот час во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Битола, а поднесена кривична пријава за сторител од Битола, полицијата во изминатото деноноќие со решение за изолација исконтролирала 6 лица и во самоизолација во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »