За време на полицискиот час од денес, петок 10 март од 16 часот, се до понеделник до 5 часот наутро, аптеката “Роса Вита“ ќе работи нон-стоп, а за битолчани кои имаат потреба од било каков лек организира и достава во домовите.
Доставата ќе се врши во работни денови од понеделник до петок за време на полициски час од 20 до 22 часот.
За време на викенди и продолжен полициски час доставата ќе се врши од 12 до 14 часот и од 20 до 22 часот.
Сите оние кои имаат потреба од било каков лек да им биде доставен на домашна адреса, нарачката можат да ја направат на телефоните 047/236-468 и 070/373-272, кај дипл. фармацевт Сузана Димовска.
Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти Уредот-влезот во Итната брза помош.






