По извршение надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 април во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, меѓу четири угостителски објекти кои за затворени во државата е и кафеана во Битола, рече денес на прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филипоска-Грашкоска, за контролите кои се спроведуваат.
Овие затворени четири објекти не почитувале забраната за работа во време на забрана за работа во вонредна состојба, а Филипоска-Грашкоска, додаде дека од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа.






