Press "Enter" to skip to content

“Fruit & Vegetable Logistics“ трета недела по ред донираат во клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“

Битолката фирма “Fruit & Vegetable Logistics“ по трет пат донираат свежо овошје на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“, а за оние донации скромно објавуваат и велат:

-Знаеме дека ова не е многу, но сакаме да ја разбудиме свеста на сите добронамерни луѓе и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик. Затоа нашата компанија веќе трета недела со хуман гест кон вработените во клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“. Во ова кризно време и во вонредна состојба кој е прогласена во земјава, одлучивме да ја снабдуваме болницата со свежо овошје во повеќе наврати и додаваат:-Воедно сакаме да ги поттикнеме сите добронамерни луѓе, бизнисмени, фирми од Битола и секој кој што сака да помогне на свој начин, да го направи тоа. Нека ова биде еден вид предизивик за секој човек кој што е во можност, финансиски да направи еден мал чин кој што многу ќе значи за нашите херои од битолската болница.

More from ВестиMore posts in Вести »