Press "Enter" to skip to content

Уште еден битолчанец позитивен на ковид-19, во болницата 6, на домашно лекување 8 пациенти

Во изминатите 24 часа во државата се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, а во Битола има регистрирано уште еден случај на битолчанец кој е позитивен, напиша на својот “фејсбук“ профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче информира дека во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

More from ВестиMore posts in Вести »