Press "Enter" to skip to content

РФМ со одлука за прекин на годинашнава сезона, нема прогласување, ОУ ќе одлучи кој во Лига шампиони кој во СЕХА, предлог за идната сезона

Ракометната федерација на Македонија до клубовите испрати заклучок, во кој е нагласено дека услови за продолжување на тековната сезона во овој период нема, а тоа би значело крај на сите шампионати, а и предлог како да се одигра следната сезона.

РФМ е првата спортска федерација од нашата држава која се реши на ваков чекор и испрати предлог до сите клубови во кој се вели дека нема услови за продолжување на шампионатите. Шампион нема да има, а Управниот одбор на федерација ќе одлучува кој ќе патува во европските натпреварувања и СЕХА лигата. 

За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот предлог ќе биде доставен и за КУП на Македонија 2020 година.

Местата во Европските клубски натпреварувања на ЕХФ и местата во регионалната СЕХА лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ.

Според она што е предложено никој нема да испадне, во Суперлигата се враќаат екипите кои ќе играат во СЕХА лигата, а од Првата лига ќе се приклучат најдобрите две екипи од двете групи, а Суперлигата ќе се прошири и ќе брои шеснаесет екипи, а ќе се игра по урнек на СЕХА лигата.

Еве го комплетниот предлог на Ракометната федерација на Македонија  испратен до клубовите за идната сезона:

1. Машката Супер лига од сезона 2020/21 година да брои 16 ракометни екипи, односно моменталните десет екипи од Супер Машката лига од сезона 2019/20 одина, двете екипи од регионалната СЕХА лига и четирите екипи од Првата ракометна лига, (по две прворангирани екипи од двете групи од Прва лига, кои се натпреварувале во сезона 2019/20) согласно моменталниот ранг на табелите (сезона 2019/20).

• За сезона 2020/21 година машката Суперлига да биде поделена во две групи од по осум екипи, извлекувањето да биде по принцип на полу-бергер систем согласно претходен ранкинг во национален систем на натпревари, дополнително во иста група нема да може да бидат ракометни екипи кои се регистрирани од еден ист правен субјект односно клубови кои се регистрирани како подружници на ракометните клубови.

• Натпреварувањето во секоја група ќе се одигрува по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно 14 кола по група.

• По завршување на 14-тото коло ќе се формираат две групи плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани од прво-четврто место во двете групи ќе ја формираат групата плеј-оф од осум екипи, екипите со остварен пласман петто-осмо место ќе ја формираат групата плеј-аут со осум екипи.

Натпреварите за ракометните екипите во групата плеј-оф ќе се одигруваат со еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно ќе бидат одиграни 14 кола преку кои ќе се дојде до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи ќе пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принципот :

Првите од групите пренесуваат 3 бода
Вторите од групите пренесуваат 2 бода
Третите од групите пренесуваат 1 бод
Четвртите од групите пренесуваат 0 бодови

• Натпреварите за екипите во плеј-аут групата ќе се одигруваат со еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно ќе бидат одиграни 14 кола до добивање конечен пласман, дополнително ракометните екипи ќе пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принципот:

Петтите од групите пренесуваат 3 бода
Шестите од групите пренесуваат 2 бода
Седмите од групите пренесуваат 1 бод
Осмите од групите пренесуваат 0 бода

Победникот (прворангираниот) во плеј-аут групата останува во Суперлига, вториот рангиран во плеј-аут игра бараж натпревар со првиот во Прва лига за опстанок во највисок степен на натпреварување. Екипите со остварен пласман трето-осмо место во плеј-аут преминуваат во Прва лига.

More from СпортMore posts in Спорт »