Со цел превземање на дополнителни мерки за заштита и превенција од коронавирусот, во насока на актуелизирање на користењето на електронските сервиси кои ги нуди Банката и сведување на посетите на експозитурите на минимум, Стопанска банка а.д. Битола ги информира своите клиенти дека почнувајќи од 16.4.2020 година ја укинува провизијата на електронските налози за физички лица (интерните и кон други банки – процесирани со начин 2 -КИБС).
Цената на електронските МИПС налози останува непроменета (100 ден./по налог).
Промената на тарифата е од времен карактер и ќе трае додека траат времените вонредни мерки за спречување на ширењето на висусот КОВИД 19 односно до наредно известување.






