Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Да се мотивираат учениците во една ваква сложена состојба кога сите се наоѓаме во вонредна состојба не е лесна работа, а наставниците ја имаат таа задача да бидат врската меѓу учениците и училиштето. Во вакви услови кога учениците се на прво место за новиот начин на спроведување на наставата во вонредни услови Ѓорѓи Јуруков, наставник по историја на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ вели:
-Учениците се тие кое се најважни за еден наставник, па така и сега кога работиме во вакви услови. Со моите ученици преку апликацијата “Zoom“ и Едуино кои ни овозможуваат да ја реализираме наставната програма. Учениците од предметна настава многу добро се вклопија во наставата он лајн. Не можам да ви ја искажам радоста кај мене и ученици кога се видовме на првиот он лајн час и воспоставивме визуелна комуникација. На овој начин на предавање, како и во класичниот систем на настава учениците, можат да се вклучат во дискусија, и со тоа успешно да го сработиме материјалот предвиден за овој период.
За тоа како учениците реагираат на овој начин на учење Јуруков додава:
-Во моето досегашно искуство како наставник по историја, ја користев современта технологија во наставата. Со добро подготвени презентации на Смарт табла им ги прикажував наставните содржини по предметот историја на интересен начин. Учениците се вклучуваа со дискусии и интеракцијата на високо ниво, на тој начин предметот историја им беше интересен. Заради вонредната ситуација наставата мораше да продолжи преку различни форми на далечинско учење. Конкретно за мојот предмет можам да кажам дека учениците сите се снаоѓаат и се вклучуваат на часовите ги пратат презентациите кои им се презентираат, но потоа мора да учат од својот учебник по историја. Но мораме сите да се согласиме дека учениците научија една најважна лекција во својот живот, да бидат дисциплинирани за свое и доброто на другите.
За препораките кои “он-лајн“ го пренесува до учениците додава:
-Не само на мојот клас, каде сум класен раководител, туку и на сите учениците се трудам да им го појаснам овој случај на пандемија, со поврзување и примери од минатото. Сите со внимание ги слушаат овие историски факти за вакви случаи, што мене ми е посебно мило. Учениците ги насочувам на правилно распоредување на времето и почитувње на правилата. На некои часови присуствува и нашиот психолог со совети за што подобро да се справуваат и со своите чувства и емоции. Во овие моменти на вонредна состојба и изполација заедно сме наставниците, учениците, психолог, педагог, и родителите за да им помогнеме на учениците да го поминат овој период на изолација на најдобар начин. Иако учениците ги знаат препораките, сакам уште еднаш да им порачам да останат дома, иако времето е убаво за дружење и прошетки, ќе има време за се, но прво ќе мораме ова да го поминеме заедно. Кога ќе се видиме повторно во школските клупи ќе го реализираме и дооформиме образовсниот процес на вистинското место. Тогаш и ќе се смееме на своја сметка за некои комични суитуации кои ни се случиле на часовите он лајн, но најважно од се е што сите бевме заедно сплотени и се зближивме уште повеќе. На овој начин и мотивацијата за учење е поголема.






