Press "Enter" to skip to content

Утрово започна масовна дезинфекција на цела Битола (фотогалерија)

Утрово во 8 часот започна масовна дезинфекција на територијата на општина Битола, по препорака на општинскиот кризен штаб која ја координира ЈП “Комуналец“.Во акцијата се вклучени околу 100 возила, цистерни, трактори со помошна механизација, комбиња и други возила, а има и 65 поединци. -За денес е предвидена акција за дезинфекција на цела територија на Општина Битола, тоа значи: сите коловози, јавни и прометни површини, меѓутоа и влезовите, со влегување внатре, во самите влезови во зградите. Акцијата ја координира ЈП “Комуналец“, заедно со останатите локални јавни, а имаме и приватни компании кои се приклчија во акцијата. Вклучени и лица кои умеат да управуваат со трактори и прскалки, од руралните места, кои по завршување на акцијата во Битола, ќе заминат во своите места со полни цистерни дезинфекциони средтсва со кои ќе ги дезинфицираат патиштата низ селата, рече градоначалничката Наташа Петровска, која беше на терен заедно со екипите.Сите возила беа пред пожарната од рано утро каде екипи на ЈП “Комуналец“ им ги полнеа цистерните, по што заминаа низ сите делови низ градот. Директорот на ЈП “Комуналец“ кој со својот тим ја координираше оваа масовна дезинфекција рече:-“Комуналец“ за едно со останатите претпријатија “Водовод“, “Нискоградба“, “Пазари“, но и со поддршка и помош на РЕК “Битола“, “Стрежево“, како и другите институции, постојано е на терен во периодот на полициски час, кога граѓаните остануваат дома, ние вршиме постојано на сите јавни и прометни површини дезинфекција. Но, денес ја правиме втората масовна дезинфекција на Битола и околните места секако во соработка со граѓаните, посебно и приватни компании, приватни фирми, индивидуалните земјоделци од руралните средини и тоа како, ни излегуваат во пресрет со својата механизација. Покрај возилата има и 65 поединци кои со рачни пумпи ќе го дезинфизираат, станбените згради.

More from БитолаMore posts in Битола »