Вчера на Велики Петок во соборниот храм “Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Утрена богослужба со Чинот на оплакување и погребение на Спасителот наш Господ Исус Христос.
Но, заради донесените мерки за заштита од ковид-19 вирусот на богослужбата немаше верници, а погребението Христово, на кое присуствуваат голем број на верници кога симболично со плаштеницата се врти три пати околу црквата, го направија само Митрополитит Петар и дел од свештениците.
Богослужба и слика која никој верник во Битола не би ја посакал, но сега и со желба в година да бидеме сите на богослужбите за Велигденските празници.

Слика која никој не сака да се повтори, Владиката и свештениците сами на погребението Христово (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Претреси поради сомненија на трговија со влијание на обвинител
- Еурофарм Пелистер имаше +3 во Гдањск, но во Битола носи само бод, Кузмановски постигна 15 гола
- Николче Пројчевски: Сите ликови и настани се слика на она што го живееме (фотогалерија)
- Општина Битола: јавен повик за учество во програмата за празнување на 4-ти Ноември
- Нова училница и презентација на тимот “Eco friendly“ во Економско





