За време на најдолгиот полицискиот час кој започна вчера, петок 17 април од 16 часот, а ќе трае се до вторник до 5 часот наутро, аптеката “Роса Вита“ ќе работи нон-стоп, 24 часа, а за битолчани кои имаат потреба од било каков лек организира и достава во домовите.
-Продолжуваме со работно време на кое веќе се навикнавме, 24 часа на ден, седум дена во неделата. Па така ќе биде и за овој продолжен полициски час кој е најдолг, 85 часа, за време на Велигденските празници. Доставата во текот на целиот полициски час ќе се врши со такси-возила на компаниите кои исто како нас имаат одобрени за работа и движење за време кога на сила е забраната за движење, вели Сузана Димовска од аптеката “Роса Вита“.
Сите оние кои имаат потреба од било каков лек да им биде доставен на домашна адреса, нарачката можат да ја направат на телефоните 047/236-468 и 070/373-272, кај дипл. фармацевт Сузана Димовска.

Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти Уредот-влезот во Итната брза помош.






