Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19, а во Битола има потврдени уште два случаи. Со тоа во Битола сега има вкупно дијагностицирани 17 случаи. Инаку, денес вкупно 53 заболени, со што вкупниот број на заболени лица во државата изнесува 1.170.
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти. На 5 пациенти од Битола (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис.
На домашно лекување во Битола се следат уште 13 пациенти.
Во Клиничката болница во Битола, на инфективно одделение се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка.






