Press "Enter" to skip to content

Верници со свеќи излезени на тераса го дочекаа Христовото воскресение (фотогалерија)

Иако имаа желба битолчани да бидат во храмовите на Македонската православба црква кои се во Битола, или пак на други места, сепак, поради полицискиот час кој е на сила, верниците излегоа на своите тераси и дворови и со свеќи го дочекаа Воскресението Христово. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а битолчани преку балкун или прозорец си ги честитаа големиот христијански празник, Христовото воскресение.При полноќната обиколка после објавувањето на радосната вест Христос Воскресе, фотографиравме битолчани на терасите, а некои и ни испратија фотографии, кои се со различен квалитет.

More from БитолаMore posts in Битола »