Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Свесност, духовност за Велигденскиот карантин ќе ни помогне во справување со негативните емоции

Пандемијата со корона вирусот потполно го промени нашиот начин на живот. Сега живееме  “нова реалност“ каде се променети нашите животни навики, а заради социјално дистанцирање се затворивме во нашите домови само со најблиските и за време на големиот оразник Христовото воскресение. Социјалните мрежи еден свет каде сите пронајдовме виртуелен простор на информирање и социјална комуникација и поврзаност со надворешниот свет. Покрај информации на дневно ниво за кризната ситуација, мислења на епидемиолози, лекари и други експерти тука добивавме и прифативме различни совети за  како да се постапува за време на верски празници, дали да се причестуваме, за ново хоби, читање книги, гледање телевизија, серии, филмови, да направиме блог, да готвиме, вежбаме и т.н.. Совети како брзо да се адаптираме и слободното време да го исполниме и организираме на конструктивен начин.

Но, со сето ова што досега сигурно секој го проба за овој период од 6 недели, и во последната Велигденска недела  се поставува основното прашање дали успеавме да го победиме стравот, кој како дамоклов мач цело време стои над нас, загрижени за своето здравје, здравјето на најблиските и стравот од смрт како најголем заради вознемирувачки вести со кои постојано сме опкружени, или пак стравот кој произлегува од егзистенцијалните прашања за економската и финансискта ситуација која не чека кога ќе заврши кризата.

Негативните емоции станаа и еден неизоставен сегмент во време на  пандемија. Односно кај сите спектар од амбивалентни емоции и промена на расположение од оптимизам до песимизам.

Некои начини како да се надмине стресот, развивање на свесност за своите емоции, во оваа ситуација.

-Сигурно е  време да се посвети на своите мисли и емоции колку и тие да се негативни.

-Признајте си на себеси како се чувствувате. Многу е важно ако се чувствувате лошо да не ги потиснуваме емоциите за да се јави поголем проблем. Можеби е време да се одморите од се и да се посветите внимание  на себе и сопствениот внатрешен свет.

Чувството на свесност е вештина која не може да се развие преку ноќ, потребно е доста време и труд. Медитацијата како техника на затворање во свој простор и отварање во него. Бројни студии покажале дека луѓето кои се доследни во праксата на медитација полесно ги поднесуваат стресните ситуации,  од други кои не се насочуваат вака.

Но заради претходниот стил на живот малку луѓе можат да истраат во оваа пракса во миговите кога е најпотребна.Во овој период на верскиот празник Велигден и останување дома со најблиските може да ни помогне религијата преку духовноста, молитвите, ритуалите кои ќе ги правиме во духот на традицијата.

Психолошка функција на религијата која го надминува стравот од смртта и тешките болести (егзистенцијалната анксиозност) ќе има значајна улога. Во секоја религија постои идејата за живот по смртта. Верникот верува во ова и смета дека смртта е само врата преку која се поминува од една во друга форма на живот. Верникот единствено има проблем како ќе ја дочека смртта, поради идејата за рајот и пеколот. Во големи кризни состојби на пандемии се раѓаат и нови религии.

Духовност во овие денови ќе ни помогне да се справиме со негативните емоции

Духовност е толку широк поим со толку значења, што не збунувa. Потребно е да се напомене дека духовност и религија не е исто, иако можат да бидат цврсто поврзани.

Да се биде духовен значи духовното, метафизчкото и нематријалното да се стави пред световно и материјално живеење

Мора да се каже дека  тешко е да се остане во духовна равнотежа во овие услови на кризна ситуација и не е исто  кога сме биле во нормална ситуација

Духовноста значи молитва, медитација и морално живеење. Тоа сега да го направиме во своите домови со најблиските.

Духовните луѓе имаат мудрост која се претвора во знаење кога треба да се менуваат работите – а кога не, кога да се предадеш – а кога да се бориш, кога да се спротивставиме на правилата – а кога не.

Чувство на стравопочитување и восхитување пред универзумот што постои. Ова  веројатно сите го искусивме кога се најдовме пред заканата на корона вирусот или се  загледавме во ноќно небо на ноќта на Христовото воскресние сите заедно сплотени и сме сфатиле дека сме безначајно ситни, а истовремено и сите заедно едно со целиот универзум.

More from СоветиMore posts in Совети »