Press "Enter" to skip to content

Центар за јавно здравство: досега позитивни резултати за COVID-19 за 17 битолчани од вкупно 194 тестирани

Заклучно со 21.04.2020 година, во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисеви) од вкупно 239 лица за COVID-19.

Кај 198 лица се земени по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), а кај 41 лице материјалите се со упатување од Матичен лекар преку системот Мој термин.

Од вкупниот број на земени брисеви, 194 се за лица со место на живеење во Битола, 30 од Кичево, Ресен и Демир Хисар, и 15 од други градови.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени за 20 лица и тоа 17 од Битола, 1 од Демир Хисар, 2 од Кичево.

Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, две лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола и 1 лице во болницата ‘’8 ми септември’’ во Скопје.

Од вкупниот број на потврдени случаи, 9 лица се здравствени работници.

Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Вкупно 186 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.