Press "Enter" to skip to content

Онколошка терапија и во Клиничка болница во Битола

Поради заштита од коронавирус, препораките и мерките на Владата, министерството за здравсто ќе ја дисперзира терапијата која ја примаат пациентите на Онколошката клиника во Скопје, соопшти министерто за здравство, Венко Филипче.

-Ќе биде поготвен целиот распоред за дисперзирано делење на терапијата за пацинети кои ја примаа на Онколошката клиника во Скопје, која од сега ќе може да се дава и по клиничките болници во Штип, Битола и Тетово како најголеми болнички установи. Таму има онколози кои можат да го контролираат делењето на терапијата и пациентите нема да мора да патуваат до Скопје.  До утре или најдоцна во понеделник таа терапија ќе биде поделена во овие болници, рече Филипче.